3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСтравови со кои се соочуваат луѓето кои сакаат да станат претприемачи

Стравови со кои се соочуваат луѓето кои сакаат да станат претприемачи

Претприемач не може да биде секој, сепак, многу повеќе луѓе, од сегашната бројка, треба да тргнат по самостојниот пат. Овој пат не е воопшто лесен и потребна е многу храброст за да тргнете по претприемачките стапки. Ова се најчестите стравови со кои се среќаваат луѓето кои сакаат еден ден да се наречат „сам свој газда“.

Мислат дека сеуште не се подготвени

И претприемништвото е учење и процес како и секој друг. Никогаш не можете да бидете целосно подготвени, ќе учите секој ден по нешто.

Се плашат дека луѓето ќе им замерат дека работат нешто поинакво

Поинакво е поентата на претприемништвото, не го заборавајте тоа. Вашата цел е да смислите нешто оригинално, нешто што го нема на пазарот и да направите своја приказна.

Тоа е веќе видено

Нормално е дека ретко дека ќе се роди некој Никола Тесла или Стив Џобс во денешно време кога речиси се е измислено, но тоа не значи дека веќе постоечките идеи не можете да ги модифицирате, да ги насочите кон една група, да ги усовршите итн.

Страв од неуспех

Ова е нормално, но не треба да ве парализира. И неуспехот е дел од животот на кој треба да гледате како на уште едно искуство и од него да го извлечете максимумот.

Не знаете како да направите се што сакате

Никој не знае. Особено, никој не знае се. Она што е добро е фактот дека кога еднаш ќе влезете во претприемачките води ќе почнете да учите се и да го ширите своето знаење. На тој пат ќе запознаете интересни луѓе и ќе се стекнете со нови знаења благодарение на кои ќе сфатите дека се се може.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП