Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 66 од правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од Регулаторната комисија за енергетика, со која беше воведена обврска граѓаните што не користат топлинска енергија да плаќаат паушален надомест. Тоа значи дека обврската за овие граѓани останува.
Приближно 12 илјади домаќинства исклучени од системот за снабдување со топлинска енергоија секој месец плаќаат паушален износ од 500 до 1.200 денари зависно од површината на станот. Овие граѓани веќе неколку години претестираат пред Регулаторната комисија за енергетика.
Во 2009 година Уставниот суд ја укина одредбата со која на граѓаните им беше наметната обврска да плаќаат 50 отсто од сметката за парно, но сега одлучи да се произнесе како ненадлежен. Исклучените граѓани од системот на БЕГ најавија и тужба ред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.