17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворена подрачна канцеларија за вадење документи во Општина Карпош

Отворена подрачна канцеларија за вадење документи во Општина Карпош

Подрачна канцеларија на Управата за водење на матични книги која ќе функционира на територијата на општина Карпош, беше отворена денеска од страна на градоначалникот Стефан Богоев и директорот на Управата, Ѓоко Котески.

Канцеларијата се наоѓа на аголот меѓу улицата „Бранислав Нушиќ“ и улицата „Никола Тесла“, а отсега натаму жителите на Карпош оттаму ќе можат да ги вадат потребните документи, како извод од матична книга на родените, извод за матична книга на умрените, како и венчален извод.

Како што истакна градоначалникот Богоев, со ова се олеснува целата процедура на вадење на соодветните документи и се растоварува метежот пред шалтерите во седиштето на Управата за водење на матичните книги.

Директорот на Управата за водење на матични книги, Ѓоко Котески, нагласи дека по Аеродром, Карпош е втора општина во која се отвора подрачна канцеларија и дека целиот овој проект е дел од владината програма „3-6-9“, со која се предвидува институциите на системот да бидат подостапни до граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП