26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија се подготвува за можни нови санкции

Русија се подготвува за можни нови санкции

Русија работи на одбранбени мерки за да се подготви за моќни нови санкции на САД и другите земји, изјави денеска портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков.

„Работиме и преземаме мерки со цел одбрана на нашите интереси против моќни нови рестриктивни акции и санкции од различни земји, кои продолжуваме да ги сметаме за незаконски“ рече Песков на конференција за новинари.

Во меѓувреме, Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се осудуваат наводните кршења на човековите права на Крим, а Русија се нарекува окупациона сила. Со резолуцијата се осудува руската привремена окупација на Крим и Севастопол, кои се сметаат како украинска територија и не се признава нивната анексија, пренесува ТАС.

Во резолуцијата се наведува дека напорите на Киев се насочени кон спречување на руската окупација на Крим. Ова е втора резолуција на Генералното собрание на ОН за Крим. Претходната беше усвоена во декември 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП