Регионалниот центар за управување со кризи информира дека утре, 21 декември, без струја ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода и Центар.
– Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека в четврток поради закажани технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат: од 9 до 12 часот корисниците од дел од улицата Емил Зола, дел од улицата Иван Козаров, дел од улицата Борис Трајковски, дел од улицата Киро Крстевски, дел од улицата 553 и дел од улицата Виктор Иго, од 9.30 до 12.30 часот, корисниците од дел од улицата Дане Крапчев и дел од улицата Мајаковски, а од 12 до 16 часот, корисниците од дел од улицата Балзакова и дел од улицата Дренак, соопшти РЦУК Скопје.