19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудиска Арабија со рекорден буџет за следната година

Саудиска Арабија со рекорден буџет за следната година

Саудиска Арабија планира раст на буџетските расходи за прв пат во последниве три години, до рекордни 978 милијарди риали, или 261 милијарди долари за следната 2018-та година.

Ова стана јасно за време на прогласувањето на буџетската рамка на арапската земја за следната година, претставена од саудиското Министерство за финансии на настан спроведено во вторникот, пренесува „Financial Times“.

За споредба, оваа година, буџетските расходи достигнаа 926 милиони риали.

Зголемувањето на утврдените трошоци за прв пат од пред три години доаѓа во критичен момент за крунисаниот принц Мохамед бин Салман кој ја консолидира својата власт, обидувајќи се да помогне во амбициозните реформи во конзервативната земја.

Економијата на Саудиска Арабија се бори во последниве години, како резултат на драстичниот пад на цената на нафтата, кој настапи во 2014-та година. Ова ги принуди саудиските власти да преземат политика на намалување на трошоците и да излезат на меѓународните должнички пазари, во обид да го финансираат својот буџетски дефицит.

Саудиското Министерство за финансии објави дека рокот за постигнување на балансиран буџет се префрли од 2020-та на 2023-та година. Потегот доаѓа откако Меѓународниот монетарен фонд и препорача на Саудиска Арабија да го забави темпото на намалување на буџетот, за да го засили економскиот раст.

Економијата на арапската земја западна во рецесија во 2017-та година поради низок принос на нафта и слаба доверба во приватниот сектор, кој зависи од политиката на властите и беше тешко погоден од стагнацијата. Канцеларијата за локални финансии предвидува економски раст во следната година од 2,7%.

„Владата одлучи дека сега може да троши повеќе, поддржувајќи го дефицитот во утврдените рамки, како и дека може да постигне повеќе приходи кои доаѓаат од извори, различни од нафтата“, рече министерот за финансии, Мохамед ал Џадаан.

„Затоа балансираниот буџет беше поместен за 2023-та година. Не брзаме“, додаде министерот за финансии.

Владата наведува дека ќе потроши дополнителни 83 милијарди риали од суверениот инвестициски фонд и 50 милијарди риали од други државни агенции, што ги доведете вкупните трошоци до над 1.000 милијарди риали во 2018-та година.

Аналитичарите на „Capital Economics“ сметаат дека буџетот за следната година „најверојатно ќе ги разочара оние кои се надеваа за значително олабавување на политиката за поддршка на економијата“.

„Владата има тесно поле за акција, за да обезбеди значајна поддршка на економијата во следните 5 години“, посочуваат од „Capital Economics“.

„Иако цените на нафтата се зголемија значително, мерките за намалување на трошоците и фискалната консолидација продолжуваат да се неопходни, ако властите сакаат да ги постигнат своите цели“, додаваат од компанијата за истражувања.

Минатата недела Саудиска Арабија го претстави планот за поддршка од приватниот сектор од 19 милијарди долари. Ова е првиот дел од 3-годишниот план на Мохамед ал-Салман, кој изнесува 200 милијарди риали. Оваа сума има за цел да ја балансира ситуацијата во земјата во контекст на мерките за намалување на трошоците.

Сепак, инвестициската клима во Саудиска Арабија не е особено безобѕирна, бидејќи во земјата имаше над 200 обвиненија за корупција во насока на бизнисмени и членови на кралското семејство. Многу од нив се всушност најголемите инвеститори во арапската земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП