19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗдружението „Илинден“ го поздрави договорот за 24 часовна работа на преминот Џепиште...

Здружението „Илинден“ го поздрави договорот за 24 часовна работа на преминот Џепиште – Требиште

Македонското здружение „Илинден“ од Тирана и огранокот на ова здружение во Голо Брдо го поздравија договорот постигнат меѓу Владите на Македонија и Албанија, за 24 часовна работа на граничниот премин Џепиште –Требиште на македонско – албанската граница кај Дебар.

Претседателот на здружението „Илинден“, Никола Ѓурѓај и преседателот на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај, за Макфакс изјавија дека ова барање било доставено до Владите во Тирана и Скопје пред неколку години кога бил отворен преминот. Тие нагласуваат дека по отворањето на овој граничен премин работното време било ограничено, а фреквенцијата се реализирала само во текот на денот.

Според нив договорот на премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама соопштен во Поградец , фактички овозможува и овој граничен премин да биде ефективен и да одговара на потребите на локалното население од двете страни на границата.

Македонското здружение „Илинден“ оценува дека 24 часовната работа на овој премин ќе влијае позитивно и во однос на економското зајакнување на двете страни на границата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП