3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрадиционална Божиќна приредба за децата со дислекција

Традиционална Божиќна приредба за децата со дислекција

Денеска во 18 часот во Кино Култура ќе се одржи традиционалната приредба на германски јазик „Das Weihnachtsabenteuer“/„Божиќна авантура“ во организација на Германскиот јазичен центари Здружението за дислексија Ајнштајн.

Со оваа приредба организаторите имаат за цел на најмладите да им приредат едночасовен спектакл со многу песнички и рецитали, а во исто време заедно со присутните да ја подигнеме јавната свест за дислексијата. Со заедничкиот настап сакаме кај децата уште од најмала возраст да го стимулираме чувството за меѓусебна грижа и радување на најблиските.

На настанот очекуваме ококу 500 посетители да ја споделат магичната божиќна атмосфера со нашите 100 учесници на возраст од 4-14 години, кои ќе пеат, рецитираат и глумат на германски и македонски јазик.

Влезот е слободен и отворен за сите заинтересирани.

Германскиот јазичен центар претставува едукативен центар специјализиран за германски јазик креиран според европските стандарди за квалитет и единствен од ваков вид во Македонија. Истиот е основан во август 2008 година. Наша мисија е создавање и одржување на нивото на висококвалитетни услуги на наставата на германски како странски јазик по највисоки професионални и етички стандарди. Нашата цел не е само совладување на јазикот туку и стекнување на квалитетни алатки за комуникација во општеството во кое живееме.

Здружението за дислексија Ајнштајн е непрофитна организација формирана во Декември 2013 година од родители на деца со дислексија и лица со дислексија. Идејата за формирање на здружението произлезе пред се од недостигот на информации за дислексијата. Барајќи решение и помош за тешкотиите со читање кај своите деца родителите се соочија со неинформираност на институциите и недоволна стручност кај просветните работници. Ние постoиме со цел да помогнеме на илјадници лица кои се соочуваат со проблемот дислексија и истата да ја актуелизираме во нашата држава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП