23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСенатот на САД ги одобри досега најголемите даночни реформи

Сенатот на САД ги одобри досега најголемите даночни реформи

Сенатот на САД го одобри убедливо најголемиот ремонт на даночниот систем во САД за повеќе од три децении, објави БиБиСи. Според Републиканците, намалувањата на даноците за корпорации, мали бизниси и поединци ќе го засилат економскиот раст.

Демократите пак, кои сите гласаа против законот, велат дека е дизајниран во корист на ултра богатите, а на сметка на националниот дефицит.

За конечно одобрување, законодавството денеска мора да се врати во Домот за процедурални прашања. Ако помине, како што се очекува, тоа ќе биде прв главен законодавен триумф на претседателот Доналд Трамп. Потпретседателот Мајк Пенс претседаваше со гласањето и го објави резултатот.

“На овој изборен круг ЗА гласаа 51, а против 48. Законот за даноци и работа е донесен”, рече тој.

Непосредно пред објавувањето на конечниот резултат, пред зградата, се собраа демонстранти кои извикуваа “убиј го законот”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП