10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕмил Олденберг, коосновач на Bitcoin.com: Ги продадов сите биткоини, тие се бескорисни

Емил Олденберг, коосновач на Bitcoin.com: Ги продадов сите биткоини, тие се бескорисни

Емил Олденберг, коосновач на Bitcoin.com, ги продаде сите негови биткоини и ги нарече “бескорисни”.

Олденберг, шеф за технологија на Bitcoin.com, рече дека тоа е “најризичната инвестиција во која може да влезете”.

Коосновачот на Bitcoin.com објасни зошто тој повеќе не верува во оваа криптовалута.

“Се работи за исклучително висок ризик. Ги продадов сите мои биткоини и се префрлив на “биткоин кеш”. Префрлање на биткоините на берза и нивно трошење чини многу скапо. Кога ги продадов моите биткоини морав да платам 50 американски долари и да чекам 12 часа за да се изврши трансакцијата – рече Олденберг.

Тој откри дека Bitcoin.com престана да развива нови услуги за стариот дел од мрежата, а сега оваа веб-страница е првенствено фокусирана на “биткоин кеш” кој беше лансиран во август.

“Старата биткоин мрежа е практично бескорисна. Гледам решенија во “биткоин кеш”, во тоа лежи иднината – рече тој.

Олденберг вели дека високите трансакциски трошоци и застојот во трансакциите се главната причина што тој ги крена рацете од биткоинот.

Во јануари, вредноста на биткоинот изнесуваше околу 1.000 долари, а за 12 месеци достигна неверојатни 18.000 американски долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП