26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина соборува рекорди, но негативни

Украина соборува рекорди, но негативни

Банкарскиот систем на Украина оваа година собори рекорд, но негативен – поради ненаплатливите кредити.

Финансискиот сектор на земјата се наоѓа во најлошата состојба забележана некогаш, изјави еден претставник.

„Соборивме непријатен рекорд во економијата. Украина има најголем процент на лоши кредити кои светот некогаш ги забележал“, изјaви Виталиј Вавришчук, директор на Одделението за финансиска стaбилност на Народната банка на Украина.

Истовремено, уделот на проблематични кредити во јули достигнал 58 проценти и од тогаш постепено опаѓа, изјаи тој. Во моментов банкарскиот систем е доволно капитализиран, изјави тој.

Според податоците на локалните медиуми, кредитните задолжувања во украинските банки достигнале критично ниво од 56,5 проценти.

Во ноември изнесуваа 21 милијарда долари. Тоа е речиси една четвртина од бруто домашниот производ на Украина од 93 милијарди долари.

Украинската економија е целосно зависна од финансиската помош на Меѓунарoдниот монетарен фонд. Нарoдната банка на Украина соопшти дека „одложувањето на следната транша на ММФ претставува клучен ризик за финансиската стабилност“.

Актуелната програма за помош на ММФ истекува на почетокот на 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП