Времето денеска претпладне ќе биде малку до умерено облачно, а од средината на денот сончево со мала облачност. Само на североисток ќе се задржи облачноста. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 1 до 6 степени.
Во Скопје ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се искачи до 4 степени.
До крајот на работната недела следува период на претежно сончево, суво и студено време со слаб до умерен северен ветер. Утрата ќе бидат најстудени во четврток и петок. За време на викендот се очекува преодно наоблачување со малку повисоки температури особено наутро и со услови за појава на слаб снег претежно во северните делови. Во сабота ќе дува и засилен северозападен ветер.