ПочетнаЕКОНОМИЈАДолговите на државните студентски домови ќе ги покрие Владата

Долговите на државните студентски домови ќе ги покрие Владата

Владата на вчерашната седница донесе одлука за доделување финансиски срeдства на повеќе државни студентски домови за да се надоместат долговите и преостанатите режиски трошоци до крајот на годината.

Министерството за образование и наука во јуни соопшти дека Државниот студентски центар „Скопје“, под чија закрила функционираат студентските домови „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ имаат долгови од 4,5 милиони евра.

Министерството претходно информираше дека договориле исплата на долгот со ЕВН Македонија и дека е надминат проблемот со електричната енергија во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП