Францускиот парламент конечно го усвои законот за прекин на производството на нафта и природен гас во Франција од 2040-та година, пренесува „France Press“.
За да го конкретизира ветувањето на претседателот Емануел Макрон „да ја извади Франција од фосилните горива“ (нафта, гас, јаглен), законот предвидува повеќе да не се издаваат дозволи за експлоатација на нафта и гас, а постоечките концесии за експлоатација нема да се обноват по 2040-та година
„Се пишува крајот на фосилните горива, а парламентот ја пишува неговата прва страница“, изрази задоволство министерот за еколошка транзиција Никола Лјло по гласањето. Тој додаде дека текстот треба да биде придружен со цели за намалување на потрошувачката на фосилни горива.
Незадоволство кај невладините организации предизвика прифаќање на два исклучоци во законот. Прво, производството ќе може да продолжи и по 2040-та година, ако компанијата која беше сопственик на дозвола, не ги покрила трошоците за физибилити студиите. Второ, ќе може да продолжи ископувањето на сулфур во Лак, југозападна Франција.