28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе враќа банкнотата од 500 евра

Се враќа банкнотата од 500 евра

Оние кои жалеа по банкнотата од 500 евра, би требало да се радуваат, таа се враќа.

Одлуката на Европската централна банка на крајот на 2018 година да го откаже емисијата на банкнотата од 500 евра, поради опасност од финансирање на тероризмот, предизвика спортивставување во Германија, но и во другите делови на еврозоната.

Од Бундесбанк најавуваат враќање на банкнотата во наредната деценија.

„Одлуката на ЕЦБ да го запре издавањето на банкнотата од 500 евра се однесува само на втората серија банкарски банкноти со нови сигурносни карактеристики. Веројатно новата серија банкноти ќе пристигне во наредната деценија“, изјави извршниот директор на Бундесбанк, Карл Лудвиг Тил.

Последен пат, најголемата евро банкнота е произведена во 2014 година.

„По одлуката на ЕЦБ, циркулацијата на банкнотите е во опаѓање, но нема гужви во централните банки за размена. Таа продолжува да биде законско средство за плаќање“, изјави Тил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП