16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната банка на Словенија ги подобри прогнозите: Словенечкиот БДП со раст од...

Централната банка на Словенија ги подобри прогнозите: Словенечкиот БДП со раст од 4,7 отсто

Банката на Словенија ја зголеми прогнозата за овогодишниот економски раст на Словенија, и сега очекува раст од 4,7 отсто, откако прогнозираше раст од 3,5 отсто во јуни.

Членовите на Советот на Банката на Словенија утврдија дека макроекономските услови во Словенија се поволни.

“Следствените циклични движења и ниското ниво на каматните стапки позитивно влијаат врз состојбата на јавните финансии, додека зголемувањето на цените е умерено”, истакнаа тие.

Затоа, предвидувањата за макроекономски движења се уште пооптимистични, но сепак се предмет на одредени ризици.

“Најголемиот ризик за раст произлегува од домашната средина и се поврзани со растот на приватните и владините инвестиции. Особено кај владините инвестиции, бидејќи тие се големи инвестициски проекти, чии ефекти се значајни за раст”, беше нагласено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП