3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија ќе добие 9 милиони евра неповратни средства од Германија

Македонија ќе добие 9 милиони евра неповратни средства од Германија

Германската влада преку КФВ банката ќе ѝ додели на Македонија 9 милиони евра неповратни средства за реализација на две значајни развојни програми – Програма за водовод и канализација и Програма за наводнување на јужната долина на реката Вардар, фаза II, соопшти Владата.

Од таму информираат дека утре во Владата ќе биде потпишана спогодба меѓу Македонија и Германија за финансиска соработка.

„Спогодбата опфаќа реализација на два клучни проекта: Програма за наводнување на јужната долина на реката Вардар фаза 2 и Програмата за водовод и канализација фаза 2, чии договори за финансирање исто така ќе бидат потпишани утре. Со потпишување на спогодбата германската влада преку КФВ банката доделува 9 милиони евра неповратни средства за реализација на две значајни развојни програми за Република Македонија“, соопшти Владата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП