12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДванаесет елки од медиумите за помош на децата од социјално загрозени семејства

Дванаесет елки од медиумите за помош на децата од социјално загрозени семејства

Започна голема Новогодишна хумана акција во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со 12 македонски медиуми. На вториот кат од трговскиот центар поместени се 12 новогодишно декорирани природни елки.

Една елка – еден медиум. Во кампањата се вклучија медиуми од национални телевизии, преку веб портали до радио станици, како Телевизиите: Тв Телма и Тв21, порталите: Сакам да кажам, МКД, Женски магазин, Фактор, Риборн, Мак Мода, Оффнет, А1он, Емагазин и Сити радио. Секој од медиумите одлучи подароците, кои ќе ги собере под својата елка да ги донира за децата на едно социјално загрозено семејство.

Првите подароци под елките веќе ги донираа самите медиуми и со тоа апелираат до граѓаните да ја разбудат во себе емпатијата во празниците кои престојат и да ги усреќат децата од 12-те избрани семејства.

Овој хуман гест, превенствено има за цел да ја подигне свеста на граѓаните и наедно да ги мотивира да донираат новогодишни подароци за деца, кои сe од социјално загрозени семејства. Пред секоја елка – медиум има податоци за колку деца станува збор од социјално загрозеното семејство и на која возраст се дечињата, што ќе им олесни на посетителите околу изборот за новогодишни подароци, кои ќе сакаат да ги донираат.

Хуманата акција ќе трае до 4 јануари 2018 година. Во пресрет на Бадник и Божик, медиумите ќе ги посетат домовите на овие 12 семејства и ќе им ги врачат подароците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП