15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонските полицајци ќе се обучуваат за хуман третман на мигранти

Македонските полицајци ќе се обучуваат за хуман третман на мигранти

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска оствари работна средба со шефот на Регионалната канцеларија на Меѓународниот комитет на Црвен крст, Јелена Стијачиќ.

Како што информираат од МВР, на средбата станало збор за нерешените случаи на исчезнати лица од 2001 година, за ситуацијата во Република Македонија со странските борци и повратници од конфликтни региони, како и за состојбата со легалната и нелегалната миграција во земјата.

Биле разгледани предлози за ангажирање на експерт преку Црвениот крст за обучување на полициските службеници за хуман третман на мигранти.

Истовремено, од Меѓународниот комитет побарале поддршка од МВР во однос на законот за црвен крст, на кој моментално работи Црвениот крст на Република Македонија.

Воедно, на средбата била потенцира одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП