3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОва се сигурни знаци дека сте роден претприемач

Ова се сигурни знаци дека сте роден претприемач

pretprimach1

Не може секој да биде претприемач, да го води својот бизнис, да успее, да заработи милиони, да биде пример за другите.

Последниве неколку години Грант Кордон многу гласно говори и пишува за луѓето кои себеси можат да се препознаат како успешни претприемачи, но на „пофлексибилен“ начин. Кордон изнесе 10 заклучоци кои се сигурен знак дека сте роден претприемач:

1.Mразите статус-кво. Не гледате никаква смисла во тоа дека работите стојат во место, не се помрднуваат од мртвите точки, а во исто време, не постои добра причина за тоа. Не сте тип кој ќе стои на страна и ќе ги гледа „сликите како поминуваат“.

2.Малку е потребно за да ви стане здодевно. Другите така ве гледаат како „проблем“. Но, со вас се е во ред само што ви се здодевни активностите кои не ви се предизвик и не ги задоволуваат вашите капацитети. Веројатно сте спиеле на часовите во училиште. Помислете само на Бил Гејтс кој го напуштил училиштето за да стане најбогатиот човек на светот.

3.Сте добивале откази. Не сте единствени во светот на големите деловни луѓе. Имате потреба да бидете креативни и да создадате нешто што ќе ги инспирира другите и ќе даде придонес. Но, некој тоа не го цени и мисли дека си поигрувате со неговите пари.

4.Вие сте бунтовник. Мислите дека законите, регулативите и полисите не се смислени за вас. Ве опишуваат вас како бунтовник кој ги крши правилата, а сте сакале да ја соборите теоријата за гравитација.

5.Проблем со авторитетите. Од мали нозе сте имале проблем со родителите, учителите и денес со шефовите.

6.Секогаш подобро. Сигурни сте дека се можете за степен подобро. Би се обложиле и ако никој не го бара тоа од вас.

7.Лоши сте во говорите. Се чувствувате многу непријатно кога треба нешто да излажете пред групата и тоа го сметате за губење на време.

8.Опсесивни. Не дозволувајте да ве убедат дека за работата е лошо кога ја имате особината, за што и да се фатите, тоа не го пуштате лесно.

9.Се плашите да почнете сами. Но, во вас постои и страв тоа да не го направите. Врежано е современото мислење дека е ризично да се почне самостојна работа и притоа уште да се најдат добри работници.

10.Идејата не ви излегува од глава. Ви се случува непрекинато да размислувате околу една идеја, сонувате решенија, ситуации и наутро се будите со истата идеја во мислите која дури ви пречи во текот на денот во вршењето на другите обврски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП