17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДел од Центар, Аеродром, Карпош и Гази Баба утре без струја

Дел од Центар, Аеродром, Карпош и Гази Баба утре без струја

Заради закажани технички зафати, утре во периодот од 09:00 до 10:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. Максим Горки бр. 5, 7, 10, 11, 12, 13, 14, 16, 18, ул. Наум Наумовски Борче бр. 27 и бр. 29 како и Бул. Климент Охридски бр. 8, 10, 12, 43. 45 на потегот од Матица кон Соборен Храм.

Во периодот од 10:00 до 15:00 часот, без струја ќе останат и корисниците од ул. 6 во с. Бардовци, како и дел од с. Бардовци.

Без електрична енергија во општина Аеродром, во периодот од 08:30 до 13:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од ул. Блажо Орландиќ (од бр.34 до 44). И во општина Гази Баба, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Ташко Караџа бр. 20.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП