13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрант во висина од 150.000 евра од ЕУ доделен на Општина Центар

Грант во висина од 150.000 евра од ЕУ доделен на Општина Центар

Општина Центар доби грант во висина од 150.000 евра од програмата на Европската унија – Европа за граѓаните, за проект чија главна цел е жителите на општина Центар да учествуваат во носењето на одлуки на локално ниво преку иновативни ИТ алатки и механизми.

Проектот „Преиспитување на вредностите за соработка“ е добиен заедно со Европската асоцијација за локална демократија АЛДА, во која членуваат 190 локални власти, асоцијации на локални власти и невладини организации, информираат од општина Центар.

Советниците вчера дадоа согласност и го овластија градоначалникот Саша Богдановиќ да го потпише договорот, со што општината ќе стане главен носител на проектот, а партнери се општини од Италија, Словенија, Португалија, Србија, Франција, Албанија, Латвија и Романија. Проектот опфаќа меѓусебно поврзани активности кои ќе се спроведуваат од март 2018 до феврурари 2020.

Домаќин на првиот меѓународен настан ќе биде општина Центар, а на другите три меѓународни и четири локални настани ќе се врши анализа на спроведување на принципите на отворена влада, пилот акции за користење на ИКТ, фокусирање на аспектот на соработка, одговорност и транспаретност.

Ќе се демонстрираат конкретни примери и поддршка на развојот на услуги на локално ниво, финансиски инструменти за поддршка на функционирање на отворена влада и соработката со граѓаните.

Завршниот настан ќе се одржи во Брисел на кој ќе се презентираат постигнатите резултати, заедно со конкретни препопраки од граѓаните, за да се подигне свеста за важноста на соработката со локалните власти, граѓаните и ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП