18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрана за британските авиокомпании, ќе ги загубат сите права

Забрана за британските авиокомпании, ќе ги загубат сите права

Британските авиокомпании ќе ги загубат сите права на летање кои ЕУ ги има договорено со трети земји, откако Британија ќе излезе од европскиот блок.

Ќе ги загубат и оние права на летање кои ги договориле одделни членки на ЕУ, соопшти Европската комисија.

Во известувањето до авиокомпаниите, Комисијата наведува дека сите британски авиопревозници повеќе нема да уживаат во правата кои произлегуваат од било кој договор во кој ЕУ е едната страна потписник како и во правата на потпишаните договори за отворено небо меѓу ЕУ и САД, пренесува агенцијата Ројтерс.

Авиокомпаниите, исто така, ќе ги изгубат правата на летање пропишани со договорите меѓу одделни членки на ЕУ и трети земји, бидејќи веќе нема да се сметаат за авиопревозници од ЕУ.

Освен тоа, сите дозволи за работа одобрени од британските власти за цивилна авијација повеќе нема да бидат валидни за ЕУ, се наведува во известувањето.

Тоа значи дека британските авиокомпании ќе бидат отсечени од внатрешниот пазар на ЕУ, наведува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП