8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолгот на кредитните картички на Американците достигна ново ниво

Долгот на кредитните картички на Американците достигна ново ниво

Можеби Американците треба да додадат „исплата на долгот“ кон листата со цели за новата година. Во 2017-та година долгот на кредитните картички достигна нов максимум, само од јуни Американците се должни рекордни 1.000 милијарди долари на своите кредитни картички, пишува „MarketWatch“.

А за да станат работите уште полоши, истражувањето на американската агенција за обезбедување на кредитни извештаи „TransUnion“ покажува дека многу американски домаќинства имаат проблеми со исплатата на долгот.

Во исто време износите по билансот на кредитните картички се очекува да се зголеми уште во 2018-та година, и покрај подобрувањето на економијата. „Навистина е изненадувачки колку долг имаат американските домаќинства на кредитните картички“, коментира Кимберли Палмер, експерт за кредитни картички во финансиската компанија „NerdWallet“.

Долгот на кредитните картички се планира да се зголеми веќе петта година по ред. Просечната потрошувачка стапка ќе порасне за околу 1% во следната година, според „TransUnion“. Денес во САД просечниот долг на домаќинствата по кредитни картички е околу 15.654 долари, според „NerdWallet“.

 

„Порастот на долгот се должи делумно на корисниците кои прават непотребни набавки“, рече Палмер. Околу 41% од 2.000 корисници, истражени од „NerdWallet“ во ноември, велат дека трошат повеќе отколку што можат да си дозволат, за производи, кои не им се потребни. Но, постојат и други фактори. Трошоците за храна и домување се зголемуваат многу побрзо од приходите.

Друга причина за зголемување на долгот на кредитните картички е дека повеќе корисници имаат пристап до кредит, изјави Пол Сигфрид, постар заменик претседател на „TransUnion“.

Повеќе од 171 милиони корисници во земјата имаат пристап до кредитни картички, што е најголем број од 2005-та година, кога пристап до таков тип кредитирање имале 162,5 милиони лица, според ФЕД. Ова вклучува давање пристап до повеќе корисници со понизок кредитен рејтинг, велат експертите.

Вискоризичните должници претставуваат околу 10,6% од сите, наспроти 9,9% во 2016-та година. За време на рецесијата во 2009-та година процентот бил 13,4%.

И добрата вест: уделот на личните заеми доделени на должници со висок профил, е околу 26% во третиот квартал на 2017-та година, што е намалување од 27,6% во третиот квартал на 2016-та година и 29,7% во 2012-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП