4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес променливо облачно со услови за снег

Денес променливо облачно со услови за снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе има и повремено провејување на снег, особено во североисточните делови на земјава.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува. Максималната температура се очекува да достигне од 0 до 6 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за провејување на слаб снег и со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 3 степени Целзиусови.

Во повеќе места во државава има и снег, при што висината на снежната покривка во Охрид, Ѓуриште и Тополчани изнесува 1 сантиметар, 4 во Крушево и Берово, 7 сантиметри во Пожаране, 12 во Маврово и 20 сантиметри во Дебар.

Во наредните денови ќе преовладува претежно сончево и студено време со слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието ќе се засилува. В сабота се очекува да има зголемување на облачноста, а ќе има и услови за локален снег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП