3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК ги предупредува САД: Сериозно ја загрозувате трговијата

ЕК ги предупредува САД: Сериозно ја загрозувате трговијата

Европската комисија ги предупреди САД дека планираните реформи во даночниот систем во таа земја би можеле да прекршат некои меѓународни обврски на Вашингтон.

На тој начин, како што се наведува, „сериозно ќе ја оштетат“ трансатлантската трговија.

Во писмото до американскиот министер за финансии Стивен Манчин, Европската комисија ги повтори сличните предупредувања на Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија поради загриженоста околу неколку одредби од тој предлог закон.

Портпаролот на Европската комисија Мардаритис Шинас изјави дека „нацрт даночниот закон на САД како што сега стојат работите содржи елементи кои сериозно би можеле да и наштетат на трговијата и инвестициите“.

Шинас изјави дека институциите и членките на ЕУ „веруваат дека е во заеднички интерес САД-ЕУ да го избегнат тоа“.

Членките на ЕУ загрижено ги следат предлозите за даночните реформи на американската администрација и стравуваат дека тие би можеле да ја загрозат светската трговија и посебно компаниите од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП