29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводството на месо во Русија расте

Производството на месо во Русија расте

Одгледувањето на птици и добиток за производство на месо во Русија во првите десет месеци од 2017-та година се зголемило за 4,8% во споредба со истиот период од минатата година и достигна 11,3 милиони тони, соопштува „Известија“.

Највисок е растот на мисиркино месо, за кое се очекува до крајот на годината зголемувањето да е од 23%, велат експертите. Руското Министерство за земјоделство го објаснува трендот со раст на побарувачката – потрошувачите се повеќе се стремат да јадат здраво.

На крајот од годината, производството на 270.000 тони мисиркино и нејзините производи се очекува да бидат 220.000 тони за минатата година, велат експертите.

За споредба, се очекува производството на пилешко да порасне со 7% до 4,9 милиони тони, а на свинско и производи од него – со 3% до 3,5 милиони тони. Производството на телешко ќе остане на нивото од минатата година , или 1,6 милиони тони.

Додека килограм мисиркино се продава во руските продавници просек за 190 рубљи, пилешкото е поевтино и чини во просек по 120 рубљи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП