23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемата грижа на германските компании

Најголемата грижа на германските компании

ger1

Слабата побарувачка од странство за германските производи, според оценките на лoкалните компании, претставува најголема економска опасност за наредната година.

Четириесет и еден процент од испитаните компании во анкетата, која ја организираше германската Трговско-индустриска комора (DIHK), навеле дека најмногу се грижат за извозот, 30 проценти од компаниите очекуваат раст на нивната продажба во странство, а 13 проценти од испитаниците очекуваат пад на извозот, покажува истражувањето спроведено во повеќе од 24.000 компании во најголемата европска економија.

„Надежите за заздравување на работењето во странство од почетокот на годината сеуште не се оствариле. Во претстојните месеци, мали се шансите извозот да оствари динамичен раст“, соопштено е од DIHK.

Германската економија оваа година ќе порасне за 0,3 проценти, и за повеќе од еден процент во 2014 година, додека извозот оваа година ќе се намали на два проценти од 3,7 проценти од минатата година, додаваат од DIHK.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП