2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнѓушев и Бектеши на средба со Сијарто: Заеднички до повисока економска соработка

Анѓушев и Бектеши на средба со Сијарто: Заеднички до повисока економска соработка

Со заедничка работа до повисока економска соработка е пораката што произлегла од средбата што ја оствариле заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.

На средбата се разговарало за интензивирање на економска соработка помеѓу двете земји, пришто било констатирано дека постои голем простор за зголемување на истата.

Анѓушев го информирал Сијарто дека Владата во многу скоро време ќе донесе документ, којшто ќе претставува нова Владина програма за економски развој, а кадешто ќе бидат инкорпорирани сите мерки за поддршка на домашните и странските компании.

„Владата ќе овозможи поддршка од 20 проценти од нето платата, на компаните кои ќе исплаќаат 50 проценти повисока плата од минималната, со која ќе се поттикне растот на просечните плати. Воедно за секоја нова инвестиција ќе обезбедиме 10 проценти поддршка од инвестицијата и дополнителни 10 проценти доколку инвестицијата се однесува за зголемување на конкурентноста на странски пазари. Со цел мерките да се реализираат со предвидената динамика потребно е да биде обезбедено владеење на правото, инвеститорите да се чувствуваат сигурни за направените инвестиции, како и стабилна политичка состојба во државата“, рекол Анѓушев.

Сијарто изразил интерес за проекти од енергетскиот сектор, како и во проекти за управувањето со водните ресурси.

Министерот за економија Крешник Бектеши ја истакнал потребата за одржување на четвртата по ред Мешовита комисија помеѓу  Република  Македонија  и  Унгарија, во првата половина на 2018 година.

„Енергетиката останува една од главните области за поинтензивна соработка, а спремни сме да им пружиме севкупна помош на унгарските компании кои се заинтерсирани да инвестираат во Македонија, во слободните економски зони и вон нив“ изјавил Бектеши, информирајќи дека Мешовитата комисија од македонска страна ќе ја предводи државниот секретар на министерството за економија Зоран Павловски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП