28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPhilip Morris ја купува Grupo Carso

Philip Morris ја купува Grupo Carso

P

Компанијата „Philip Morris International“ ги најави плановите за превземање на останатите 20 проценти од акциите во локалниот мексикански производител на цигари „Grupo Carso“.

„Grupo Carso“ е во сопственост на милијардерот Карлос Слим.

Со оваа аквизиција, која се проценува на 700 милиони долари, американската тутунска компанија ќе стекне потполна контрола над здруженото работење на тие две компании.

Од „Philip Morris“ наведуваат дека овој потег е дел од долгорочната стратегија на компанијата во вложувањето на пазарите во развој, и исто така ќе допринесе во вкупната заработка на компанијата во четвртото тромесечје.

„Имавме многу корист од партнерството со „Grupo Carso“ и цврсто веруваме во нашата способност дека можеме да оствариме одлични резултати на овој, за нас многу важен пазар“, изјави претседателот на „Philip Morris“ за пазарите во Јужна Америка и Канада, Џејмс Мортенсен.

Од американската компанија велат дека партнерскиот однос со „Grupo Carso“ трае повеќе од 30 години, а Карлос Слим, еден од најбогатите луѓе во светот, е член на Управата на американските оддели на компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП