20 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВработените на паркинзите со маски ќе се штитат од загадениот воздух

Вработените на паркинзите со маски ќе се штитат од загадениот воздух

Поради високата загаденост на воздухот во Скопје, ЈП Паркинзи на Општина Центар обезбеди заштитни маски со филтер, со цел да ги заштити вработените кои се на најекспонираните работни позиции на паркинзите во Општина Центар.

„Вработените на терен директно се изложени на прекумерното загадување на воздухот, што доведува до бројни здравствени проблеми. За да ги заштитиме, обезбедивме над 70 маски со филтер кои штитат од цврсти и течни аеросоли, прашина и доломитна прашина, честички ПМ 2,5 и ПМ 10 од аеро загадување. Ова е само превентивна мерка, која ние како претпријатие можеме да ја направиме за нив“, вели Вангел Андрески, в.д. директорот на ЈП ПОЦ.

ЈП Паркинзи на Општина Центар ги повикува на општествена одговорност и останатите комунални претпријатија за јавни паркиралишта на територија на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар