3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожност за бришење на уште еден дел од долгот на Грција

Можност за бришење на уште еден дел од долгот на Грција

grcija1

Меѓународните кредитори би можеле да ја наградат Грција со уште едно отпишување на долгот, доколку таа продолжи со примената на реформите за своето економско заздравување.

„Земјите на еврозоната се подготвени, ако тоа биде потребно, да направат повеќе за Грција, под услов таа да продолжи со програмата за реформи“, изјави шефот на Еврогрупата, Јероен Дајселблум.

„Членките на еврозоната пред летото во 2014 година ќе разговараат за напредокот на Грција во спроведувањето на реформите. Меѓутоа, за тоа сеуште не е донесена конечна одлука, па затоа сеуште не можам да кажам дали ќе има отпишување на долговите. Поентата е дека во текот на 2014 година ќе знаеме дали програмата е спроведена потполно и дали ќе биде потребно Грција да превземе дополнителни напори“, изјави тој.

На Грција минатата година и беше избришана речиси една третина од целокупниот долг, неверојатен отпис од 100 милијарди евра во рацете на приватните инвеститори.

Јавниот долг на Грција од 355 милијарди евра или 170,3 проценти од БДП од 2011 година, се намали на 303 милијарди евра во 2012 година, односно 156,9 проценти од БДП, покажуваат податоците на агенцијата за статистика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП