12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтудено време со локални врнежи од снег

Студено време со локални врнежи од снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено со локални врнежи од снег, особено во западните делови, каде на повеќе места ќе се формира снежна покривка, информира УХМР. Ќе дува умерен северен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен слаб снег претпладне. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Времето утре ќе биде сончево и студено со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Од утре нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на студена и сува воздушна маса, така што ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински и дневни температури. Утринските температури во среда, а особено во четврток на места ќе се спуштат и под -10 степени, а дневните ќе бидат во интервал од -2 до 5 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП