3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален бројот на баратели на азил во Германија

Намален бројот на баратели на азил во Германија

#

Бројот на баратели на азил во Германија се намалува, а властите очекуваат до крајот на 2017 година, вкупно да бидат регистрирани не повеќе од 200 илјади мигранти.

„Мислам дека не повеќе од 200 илјади мигранти ќе бидат регистрирани во Германија за 2017 година“, изјави министерот за внатрешни работи на земјата, Томас де Мезиер.

Во интервју за весникот „Билд“ тој истакна дека во периодот од почетокот на годината до крајот на ноември, во Германија побарале азил околу 173 илјади мигранти.

Најсилната европска економија прими речиси милион мигранти во 2015 година и околу 280 илјади во 2016 година.

Намалениот број се должи најмногу на “Балканска рута” и договорот на Европската унија со Турција за затворање на турската граница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП