11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија: Референдум за менаџерските плати

Швајцарија: Референдум за менаџерските плати

plati1

Меѓу шефовите на големите швајцарски компании, во последно време, владее напната атмосфера, бидејќи се најавува референдум за ограничување на платите на менаџерите.

„Иницијатива за праведни плати 1: 12“ за цел има да направи, месечната плата на ниеден директор да не биде поголема од најниската плата во компанијата на годишно ниво. Поддржувачите на ова иницијатива сакаат да го втемелат односот 1: 12 во Уставот, а за ова прашање во ноември би требало да биде одржан и референдум.

И додека синдикатите ја поддржуваат ова иницијатива и ги критикуваат екстремните разлики помеѓу платите на главните менаџери и вработените, многу компании ја разгледуваат можноста за заминување од земјата.

Директорот на швајцарското здружение на работодавачи Томас Даум, предупредува дека не треба други да се мешаат во тоа како во компаниите ќе бидат формирани платите.

Тој очекува дека корпорациите ќе побараат алтернативи за да го избегнат воведувањето на законот за однос на платите 1:12 и радикалното решение кое подразбира префрлување на компанијата во странство.

Некои од можностите, според неговото мислење, се и вработувањата на директори во холдинг-компаниите со седиште во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП