11 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТакси-превозниците нема да полагаат за меѓународен сертификат по англиски јазик

Такси-превозниците нема да полагаат за меѓународен сертификат по англиски јазик

Министерството за транспорт и врски најави дека почнува процесот на подготовка на измените во Законот за превоз во патниот сообраќај.

Со измените, за кои во оваа фаза се прибрираат мислења на Единствениот регистар на прописи, се предвидува укинување на условот такси-превозниците задолжително да поседуваат меѓународен сертификат за познавање англиски јазик.

Сегашниот закон предвидува превозникот, покрај останатите услови, да има и вработено авто-такси возачи во зависност од бројот на возила кои ги поседува, или минимум еден возач по возило и ти да поседуваат меѓународен сертификат за познавање англиски јазик на ниво А1 или А2, според Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR) на Советот на Европа.

„Целта на предлог-законот е бришење на условот за поседување на меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик на ниво А1 или А2 кој се однесува за авто – такси возачи“, пишува во образложението за предлог-законот. Според динамиката, законските измени се очекува да бидат изгласани по Нова година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП