11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа 21-ви и 22-ри декември во Скопје ќе се одржи Втора туристичка...

На 21-ви и 22-ри декември во Скопје ќе се одржи Втора туристичка берза

На 21-ви и 22-ри декември во Скопје ќе се одржи Втората туристичка берза. Ќе учествуваат повеќе од 150 претставници на туристички агенции, туристички работници, туристички водичи, хотели, ресторани, винарии, музеи, транспортери, студенти и владини претставници ќе учествуваат.

Настанот го организира Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија (НАИТМ) под слоганот „Сите сме дел од истата туристичка приказна“ , каде ќе се прикажат  состојбите и перспективите на дојдовниот туризам. На овој начин, според претседателот на НАИТМ, Влатко Сулев, ќе се зголеми свесноста за важноста на дојдовниот туризам во Македонија како туристичка дестинација и ќе се подобри соработката меѓу сите чинители во дојдовниот туризам.

“Време е дојдовниот туризам како индустрија што остварува извоз да го добие своето заслужено место во нашето општество. Нам, како НАИТМ, ни треба малку ветер во грб за подобро да ја позиционираме Македонија на регионалниот и на европскиот пазар. Не може и не смее производителот на јаболка да биде во ист кош со увозникот на јаболка. Тоа е исто со инкаминг (дојдовниот туризам) и со оутгоинг (излезниот) туризам. Едниот значи увоз, другиот извоз”, изјави за МИА Сулев.

Како што објаснува, Втората туристичка берза се организира за подобро меѓусебно запознавање на различните групи чинители во дојдовниот туризам, за разбирање на бизнис потребите, повисоко ниво на меѓусебна комуникација и полесно прилагодување на потребите на странските и домашните гости согласно последните светски трендови. Исто така, на берзата ќе се утврдат различните проблеми со кои се соочува секторот, како што се еколошките, законските, административните и останатите проблеми, културно-историските споменици, а ќе бидат понудени и решенија и искуства на членовите на НАИТМ.

Воедно, настанот треба да овозможи и доближување на студентите до реалниот сектор преку директно запознавање со претставниците во секторот и да се испрати порака до младите дека тие се иднината на дојдовниот туризам.

Минатата година беше организирана Првата туристичка берза во Македонија каде учествуваа 80-тина претставници на туристичките агенции, туристички работници, туристички водичи, хотели, ресторани, винарии, музеи, транспортери, студенти и владини претставници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП