20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските агенции повикуваат на претпазливост со биткoинот

Американските агенции повикуваат на претпазливост со биткoинот

Виртуелната валута биткоин, чија што вредност порасна од почетокот на годината, како и напорите на претприемачите да ја користат дигитална валута за финансирање на нивното работење, привлекува се поголемо внимание на американските регулаторни агенции.

Американската владина Комисија за хартии од вредност оваа недела ги предупреди инвеститорите на ризикот да инвестираат во нерегулирана дигитална валута, објави Асошиетед прес.

Друга американска федерална агенција предложи регулирање на биткоин трговањето по моделот како што е регулирањето на стоки и добра, како што се пченица, нафта, злато и сребро.

Американската владина Комисија за хартии од вредност во декември спречиле два обиди за подигнување пари преку т.н. “иницијални понуди на криптовалути”, што правните експерти сметаат дека ова е навестување на претстојната борба со таа пракса.

Светот на биткоинот и другите дигитални валути може да се подели на две големи гранки. Се претпоставува дека инвеститорите купуваат валути, како што е биткоин и етереум, а другиот е ICO, кој им овозможува на стартап компаниите за финансирање на нивните проекти да користат технологијата зад која стои биткоинот.

Таквите компании, благодарение на системот ICO ќе издаваат криптовалути, понекогаш нарекувани токен, кои тие можат да ги користите за да купат услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП