3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Fitch Ratings" и "Standard&Poor's" го зголемија кредитниот рејтинг на Србија

„Fitch Ratings” и “Standard&Poor’s” го зголемија кредитниот рејтинг на Србија

Агенцијата за рангирање “Standard&Poor’s” ја подобри проценката на кредитниот рејтинг на Република Србија на ниво “ББ”, со стабилни изгледи за подобрување на кредитниот рејтинг.

Во соопштението стои дека поголемата оценка на „Fitch Ratings“ за кредитниот рејтинг на Србија се должи на унапредувањето на јавните финасии кои се подржани и од фискалниот резултат.

„Fitch“ ги посочува очекувањата дека српската Влада ќе продолжи со спроведувањето на програмата за фискална консолидација и на структурните реформи и во периодот на 2018 до 2019 година.

Агенцијата истакнува дека односот на јавниот долг и на БДП е подобрен и стабилен, а по значителниот пад во 2017 година на 63,6 отсто од БДП, „Fitch“ очекува натамошен пад на 62,1 проценти од БДП следната година и на 60,6  проценти во 2019 година.

Дефицитот на тековната сметка во целост ќе биде покриена со странските инвестиции, стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП