19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА65.000 работни места помалку во трговијата на мало во Велика Британија

65.000 работни места помалку во трговијата на мало во Велика Британија

Велика Британија изгуби 65.000 работни места во трговијата на мало по референдумот за излез од ЕУ – криза предизвикана од зголемената конкуренција на онлајн продавниците и контракцијата на платите, објавија „CNN“.

Податоците за вработените покажуваат дека бројот на работни места во секторот паднал под пет милиони во септември. Лошата потрошувачка подразбира потешкотии во сезоната на празаници.

„Ова го одразува притисокот врз малопродажниот сектор“, рече Хауард Арчер, економски советник во EУ. „Трошоците на потрошувачите се послаби во поголемиот дел од оваа година, а продажбата на мало е пониска“, рече тој.

Податоците на „IHS“ за „Visa“ покажуваат дека трошоците за британската продавница опаднале за 3,5 отсто во споредба со претходниот период од годината пред ноември. Ова е седми последователен месец на пад и е еден од најголемите падови од 2012-та година.

Во исто време, потрошувачката на интернет во ноември се зголеми за 2,4%. „Visa“ објави дека вкупното потрошувачко трошење оваа сезона ќе падне за прв пат од 2012-та година.

Според експертите, овој тренд е еден од последиците од Брегзит. Вредноста на фунтата нагло се намали по гласањето во јуни 2016-та година, предизвикувајќи пораст на цената на увезената стока.

Во исто време, зголемувањето на платите не соодветствуваше со стапката на инфлација, која во ноември изнесуваше 3,1%.

Ендру Вишарт, британски економист од „Capital Economics“, вели дека продавниците сè уште се обидуваат да ангажираат вработени, а слабиот раст на платите ги направи овие работни места помалку атрактивни.

Генерално, невработеноста во Велика Британија останува само 4,3%, што е најниско ниво во последниве децении. Во исто време, работните места во градежништвото и бизнисот со хотели и ресторани значително се зголемија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП