27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентиран нов меѓуграничен проект на Македонија и Албанија во Дебар

Презентиран нов меѓуграничен проект на Македонија и Албанија во Дебар

Македонија и Албанија ќе реализираат проект со средства на ЕУ за развој на аграрот. Во Дебар денеска беше презентирана меѓугранична проект-студија на Македонија и Албанија во сферата на агробизнисот.

Претставници на Општина Дебар, регионалната Агенција за развој и организацијата „Бизнис-солушн“ од Тирана како носители на проектот соопштија дека проектот има цел зголемување на стандардите на производите од страна на агробизнисот во двете држави.

Носителите на проектот исто така пред претставниците на локалната власт на Дебар, регионалната Агенција за развој и организацијата од албанскиот главен град Тирана ги пренесоа своите насоки како покрај средствата што би се користеле од страна на европските фондови да се користат и средства од државните буџети и други фондации и донатори во реализацијата на проектот. Најавено е дека проектот овозможува одлични ефекти во сферата на развојот на агробизнисот во двете соседни држави.

Проектот го поздрави градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, кој нагласи дека овие проекти се многу битни за развојот на општината, но и пошироко за двете држави. Проектот ќе трае две години и ќе се финансира со средства од програмите на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП