ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Општина Кисела Вода организирана крводарителска акција

Во Општина Кисела Вода организирана крводарителска акција

Крводарителска акција се одржува денес во Општина Кисела Вода.

Од општината информираат дека градоначалникот, претседателот на Советот, вработени во општинската администрација, претставници од сите месни и урбани заедници од Општината и хумани граѓани, донирале крв и помогнале да биде спасен нечиј живот.

Оваа акција која е во организација на Општина Кисела Вода, Општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода, во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје, се одвива неколку пати годишно.
Сите заинтересирани хумани граѓани кои ќе изразат желба да даруваат крв тоа можат да го сторат до 15 часот во големата сала на општината.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП