18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците го зголемуваат својот интерес за пазарот на недвижнини во Германија

Американците го зголемуваат својот интерес за пазарот на недвижнини во Германија

Во текот на изминатите 10 години има невиден раст на германскиот пазар на недвижности. Но бумот е малку подгреан од страна на меѓународните инвеститори кои ја избираат земјата поради својот статус како еконмско засолниште во контекст на глобалната нестабилност, пишува онлајн изданието „Global Property Guide“.

Најзначајно, тие го зголемуваат своето присуство на германскиот пазар, заедно со купувачите од цела Европа, Азија и Блискиот Исток, Американците, додава медиумот. Ова е највидливо како тренд во градовите како Берлин и Франкфурт.

Франкфурт со години се консолидираше како стабилен финансиски центар во Германија и Европа, привлекувајќи голем дел од светските имиња на финансиската сцена. Исто така, седиштето на Европската централна банка (ЕЦБ).

Со одлуката на Британија да ја напушти Европската унија (ЕУ), градот се појави како најпосакувано место за преместување на работни места во блокот. Поради Брегзит кон Франкфурт се насочуваат „Goldman Sachs“, „Citigroup“, „Morgan Stanley“, „Nomura“ и „Standard Chartered“.

Берлин се трансформира во град со луксузен животен стил и водечка технолошка дестинација. Германската престолнина е во првите редови на голем број првокласни инвестициони листи, кои веќе ги надминуваат пазарите на луксузни имот како што се Лондон и Париз.

Технолошкиот сектор е главен двигател на економскиот бум во Берлин. Градот привлече водечки локални и меѓународни компании, вклучувајќи ги „Google“, „Siemens“ и „Samsung“, кои исто така имаат и акцелератори. Други водечки имиња во технолошкиот сектор се Microsoft, германскиот софтверски гигант „SAP SE“ и „Cisco Systems“.

Американските инвеститори кои за прв пат стапнуваат на европскиот пазар, обично се свртуваат кон локации како Лондон и Париз, пред да одлучат за Германија, коментира Томас Забел, кој ја предводи станбената поделба на консултантската компанија „JLL“.

Во моментов, сепак, Германија е попривлечна за американските купувачи поради неизвесноста во Велика Британија.

Освен во Германија нема ограничувања при купување на имот од странци. Земјата ги следи европските правила, кои гарантираат транспарентност и структуриран процес по завршувањето на трансакциите, посочува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП