2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛидерите на ЕУ согласни да ги продолжат преговорите за Брегзит во следната...

Лидерите на ЕУ согласни да ги продолжат преговорите за Брегзит во следната фаза

Лидерите на ЕУ се согласија да ги продолжат преговорите за Брегзит во следната фаза, соопшти Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Тоа значи дека разговорите можат да преминат на долгорочните односи меѓу Британија и ЕУ, вклучувајќи ја трговијата и безбедноста.

Според најавите, најбрзо идната недела, ќе се разговара за првото прашање, а тоа ги опфаќа точките на транзицискиот период по излегувањето на Британија од Унијата во март 2019 година. Претседателот на ЕВропската комисија, Жан Клод Јункер предупреди дека овој процес ќе биде значително потежок.

Туск ги објави на Твитер вестите, веднаш по состанокот со лидерите на другите 27 членки на ЕУ во Брисел. Тој ѝ честита на британската премиерка Тереза Меј за постигнувањето на најголемиот момент во процесот на Брегзит.

Меј нагласи дека сака двете страни да се доближат до втората фаза од преговорите, што ќе ги детерминира долгорочните односи меѓу Британија и ЕУ, со амбиција и креативност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП