13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдржан прв состанок на министерите за животна средина во рамките на Енергетската...

Одржан прв состанок на министерите за животна средина во рамките на Енергетската заедница

Во Приштина се одржа 15. министерски состанок на државите потписнички на Енергетската повелба каде што се постави визијата за политиката за клима и енергија за периодот по 2020 година, на кој учествуваше и министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки.

Ова е прво учество на министри за животна средина на министерски состанок во рамките на Енергетската заедница, пракса која ќе продолжи и понатаму.

Со препораката за интегрирани национални енергетски и климатски планови ќе се даде придонес кон обезбедувањето  рамка за воедначување на известувањето за обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и стакленичките гасови.

На маргините на настанот министерот Дураки оствари и билатерална средба со министерката за животна средина на Косово, Албена Рефки Решитај, на која се дискутираа можностите за унапредување на соработката во областа животна средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП