19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина забележа 91% годишен раст на директните странски инвестиции во ноември

Кина забележа 91% годишен раст на директните странски инвестиции во ноември

Огромниот број на нови компании во Кина доведоа до 91% раст на странските директни инвестиции на годишно ниво во ноември, што е најголем пораст во последните две години, соопшти „Bloomberg“.

За периодот од јануари до ноември годишниот раст е скромен – со 9,8% до 121,6 милијарди долари.

Околу 4.641 нови странски компании почнаа активност во втората по големина економија во светот во текот на минатиот месец, што е со 162% повеќе во однос на истиот период од минатата година, изјави портпаролот на Министерството за трговија Гао Фенг.

„Тоа помогна за зголемување на странските директни инвестиции и ги поддржи новите политики за привлекување на меѓународни средства“, рече Гао Фенг.

Кина направи претпазливи чекори оваа година за привлекување на странски инвеститори, вклучувајќи го кратењето во јуни на листата со средства кои беа забранети за купување.

Во историски потег, минатиот месец Пекинг соопшти дека ќе ги укине ограничувањата за странската сопственост врз банки и ќе им овозможи на странските компании да имаат мнозински удели во локални компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП