25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на Zara шие богатство, профитот зголемен за 6 проценти

Сопственикот на Zara шие богатство, профитот зголемен за 6 проценти

Нето профитот на шпанскиот текстилен гигант „Inditex“, сопственикот на компанијата „Zara“ е зголемен за шест проценти во девет месеци од тековната фискална година.

Ваквите резултати следеа бидејќи е продолженa меѓународната експанзија како онлајн така и за физичките продавници на овој ланец.

Нето профитот на „Inditex“ во периодот од февруари до октомври 2017 година, достигна 2,34 милијарди евра, во однос на 2,2 милијарди евра од истиот период минатата година, се наведува во соопштенеито на компанијата, пренесува агенцијата АП.

Продажбата во тој период пораснла за десет проценти на 17,9 милијарди евра.

Групацијата „Inditex“ во 1975 година ја основал Амансио Ортега, а таа многу брзо станала најголемиот светски трговски ланец за текстил со осум брендови, меѓу кои се и „Massimo Dutti“, „Pull&Bear“ и „Bershka“.

„Inditex“ ова лето отвори нови продавници во Белорусија и продолжи со ширењето на сите пазари, главно во Азија.

Компанијата поседува 7,504 продавници во 94 држави, од кои повеќето од половината имаат и онлајн продажба.

По ова соопштение, акциите на групацијата скокнаа за 2,6 проценти на 31,5 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП