2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку Европејците годишно трошат на алкохол?

Колку Европејците годишно трошат на алкохол?

Жителите на ЕУ на алкохолни пијалоци трошат 130 милијарди евра годишно, покажуваат податоците на Евростат.

Станува збор за последните собрани показатели за 2016 година, со податок дека 1,6 проценти од трошоците на домаќинствата на ЕУ во минатата година отишле на консумирање алкохол.

За алкохолните пијалоци е издвоено повеќе отколку за областа заштита и образование, а потрошувачата била речиси еднаква на онаа за медицински производи, домашни апарати и опрема.

Домаќинствата во Естонија, Летонија и Литванија најмногу потрошиле на алкохол. Зад нив се Чешка и Полска, како и Унгарија и Финска.

Најмала потрошувачка е забележана во Шпанија и Италија, а малку поголема од нив во Австрија, Португалија и Германија.

Меѓу 2006 и 2016 година потрошувачката на алкохолни пијалоци најмногу е зголемена на Кипар и во Чешка, додека значително опаднала во Летонија, Литванија, Бугарија и Финска.

Извештајот не ги вклучува податоците за алкохолните пијалоци купени во рестораните и хотелите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП