12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba чекори храбро во забавната индустрија

Alibaba чекори храбро во забавната индустрија

Видео стриминг услугата „Youku Tudou“ на кинескиот гигант „Alibaba Group Holding“ склучи лиценцнирани договори со „NBCUniversal“ и „Sony Pictures Television“, што претставува уште посериозно навлегување на „Alibaba“ во забавната индустрија, пишува „Bloomberg“.

Договорите, заклучно на неколку години, им овозможуваат на „Youku“ претплатниците пристап до стотици филмови од студијата, соопшти кинеската платформа. Покрај тоа, корисниците ќе имаат побрз пристап до нови и неодамна појавени филмови, вклучувајќи „Блејд Ранер 2049“ и „Џуманџи: Добредојдовте во џунглата“, објави „Youku“.

Договорот беше склучен во време кога кинеските технолошки гиганти поминуваат агресивно врз купувањето на содржини за забава и оригинални програми. „Youku“ се натпреварува со стриминг платформата на „Baidu“ – „iQiyi“ (која неодамна се здружи со „Netflix“) и со видео услугата на „Tencent Holdings“.

Зголемувањето на цените за содржината претставува проблем на технолошките компании додека тие се борат за нови претплатници.

„Уверен сум дека проширувањето на нашите врски со повеќе меѓународни студија ќе го зајакне влегувањето на нашата платформа во бизнисот со домашна забава и во онлајн видеото“, коментира Јан Вејден, претседател на „Youku“.

Во последните години „Alibaba“ потроши милијарди долари за средства во сферата на медиумските забава во потрага по раст надвор од основните бизнис со е-трговија. Компанијата ја зајакна својата улога во Холивуд преку поддршка на продукции како што е последниот дел од „Невозможна мисија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП