13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ги остави непроменети каматите и поттиците

ЕЦБ ги остави непроменети каматите и поттиците

Европската централна банка (ЕЦБ) ги задржа вчера клучните каматни стапки на непроменето ниво, воздржувајќи се истовремено и од промената на програмата за поттици.

Клучната каматна стапка е задржана на нула проценти, каматната стапка на депозитите на минус 0,4 проценти, додека поттиците се оставени на 30 милијарди евра месечно, пренесува агенцијата АП.

И Централната банка на Англија вчера ги остави непроменети каматите, поради неизвесноста по повод излезот на Британија од Европската унија.

Американската ФЕД во средата ја зголеми клучната каматна стапка за четвртина процентен поен на распон меѓу 1,25 и 1,50 проценти и најави уште три зголемувања на каматата во наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП